
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата војска „веројатно“ повторно ќе го нападне Иран подоцна вечерва.
Ова следува откако борбите меѓу Иран и САД повторно се разгореа во текот на ноќта, при што САД погодија десетици ирански цели како одговор на нападите врз танкери во Ормуската Теснина. Вашингтон, исто така, повторно ги воведе санкциите за нафта против Иран.
Техеран возврати со таргетирање на американските воени капацитети во Бахреин и Кувајт.
Откако претходно денеска изјави дека смета оти примирјето со Иран сега е „завршено“, Трамп подоцна додаде дека САД „веројатно вечерва повторно силно ќе ги удрат“, пренесе ДПА.
Зборувајќи на самитот на НАТО заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп рече дека ќе му даде на Иран „мало предупредување“ пред да нареди нови напади.
– Ќе ги удриме силно вечерва, но ќе видиме како ќе се одвива сето тоа – рече американскиот претседател.
