
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од ноќеска на полноќ.
Најголемо поскапување ќе има кај дизел горивото, чија цена се зголемува за 2,5 денари по литар, додека двата вида бензин ќе поскапат за еден денар по литар.
Согласно новата одлука на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 87,50 денари за литар.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 82,50 денари за литар.
Покрај горивата, поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена се зголемува за 2 денари и од полноќ ќе изнесува 81,50 денари за литар.
Цената на мазутот М-1 НС е утврдена на 41,20 денари за килограм.
Новите цени ќе важат од 00:01 часот, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

