Сообраќајка во Велес, тешко повреден возач

На 01.05.2019 година во 14.20 часот  на улица „Вардарска“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(38) од Велес, а сопатник било дете на возраст од 10 години и патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.С.(32) од Велес во кое биле и сопатниците С.Д.С. и  Н.Д.  Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.С. додека останатите лица се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави