Skip to main content
Македонија

Потврдена казната од 12 години затвор за Стојанче Јовановски

04/07/2026  13:23

Апелацискиот суд во Скопје донесе правосилна одлука со која ја потврди затворската казна од 12 години за Стојанче Јовановски.

Судот ја оцени неговата жалба како неоснована и по одржана јавна седница ја потврди пресудата што во мај годинава ја донесе Основниот кривичен суд Скопје.

Според правосилната пресуда, Јовановски е прогласен за виновен бидејќи по долгогодишно семејно насилство ги навел својата сопруга Ивана и нивната ќерка Катја да скокнат од балкон.

Против него се водеше постапка за кривичните дела семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.

Со одлуката на Апелацискиот суд, првостепената пресуда е целосно потврдена и станува правосилна.