Касиљас се огласи од болничкиот кревет

Синоќа познатиот шпански голман Икер Касиљас претрпе срцев удар, по што итно бил хоспитализиран.

Касиљас синоќа бил примен во ургентниот центар на болница во Порто, каде било утврдено дека доживеал срцев удар. Сепак, за среќа неговата здравствена состојба е стабилна.

Голманот на Порто се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите за пораките за поддршка и желбите за брзо опоравување.

„Се е под контрола. Добро се исплашив, но силен сум како и секогаш. Ви благодарам на сите за пораките и вашата љубов“, порача Икер Касиљас.

Треба да знаете
Последни објави