Skip to main content
Хроника

Три лица уапсени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

27/06/2026  14:10

На 27.06.2026 во 02:45 часот во СВР Скопје 43-годишна жена пријави дека на 26.06.2026 околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот поранешен сопруг И.Н. физички ја нападнал нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.06.2026 во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ц.(56) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во домот во Куманово, физички ја нападнал неговата 42-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.06.2026 во 01:00 часот во светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода О.М.(48), по претходна пријава дека во домот физички ги нападнал неговата сопруга и нивните две малолетни ќерки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.06.2026 во 16:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.М.(52) од Штип, по претходна пријава дека во домот им упатувал закани со остар предмет на неговите синови, а исто така и со секира искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.06.2026 околу 03:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека Д. „Н“ во домот во Струмица физички ја нападнал неговата 17-годишна партнерка и се заканувал со остар предмет, а потоа го удрил и нивното 11-месечно бебе. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.