Skip to main content
Македонија

Лефков: Нема причина за лидерска за проблеми кои СДС и ДУИ ги произведуваат, ако  мислат дека лидерска средба ќе го направи Филипче лидер и нив ќе ги факторизира се лажат

03/12/2024  13:32

Интегрален текст од соопшштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Нема никаква причина за лидерска за проблеми кои СДС и ДУИ си ги произведуваат сами. По тој принцип СДС секој втор ден ќе бара лидерски. Ако СДС мисли дека лидерска средба ќе го направи Филипче лидер и нив ќе ги факторизира се лаже. Нека си најдат некој друг начин да му билдаат легитимитет на Филипче, рече пратеникот Миле Лефков на денешната прес – конференција одговарајќи на новинарско прашање за повикот на СДС за лидерска средба.

Лефков кажа дека „народот неодамна им кажа што мисли за нив и нивните политики и грабежот што го направија и уништувањето на институциите, банкротирањето на државата”.

„Еве ако сакаат од Филипче да направат лидер, да им предложиме за почеток нека се тргне од џебот и прегратките на Заев. Наместо секој втор ден онака најниско најнедостоинствено да му изразува лојалност.  ВМРО-ДПМНЕ има работа и проекти и вложува напори колку може да ги надмине проблемите наталожени од луѓето во и околу раководството на СДС. А СДС својата криза на лидерство нека си ја решаваат сами како сакаат. Сами си го одбраа сами нека си го нишкаат”, изјави Лефков.

Лефков посочи дека ако сака СДС дискусии за тоа е парламентот.