
Соопштение на ВЛЕН:
Поминаа четири дена откако во јавноста излегоа сериозни наводи поврзани со бизнисот со заштитни огради, а јавноста сè уште не доби јасен одговор на она што е најважно. Со години ДУИ ни продаваше приказни за Европа. Денес слушаме дека европска компанија била тргната настрана, додека просторот бил отворен за компанија од Србија.
Ова не е мала работа.
Не зборуваме само за компании и договори. Зборуваме за милионски бизнис, за парите на граѓаните, за интереси однадвор и за заштитни огради кои треба да штитат човечки животи.
Во својот одговор, Ејуп Рустеми се обидува дебатата да ја префрли на тоа дали Јавното претпријатие за државни патишта распишало или не распишало тендер. Но тоа не е суштината.
Суштината е сосема друга.
Дали бил вршен притисок врз европската компанија?
Дали бил отворен простор за компанија од Србија?
Дали компаниите биле насочувани од каде да ги набавуваат заштитните огради?
На овие прашања Рустеми не дава одговор.
Ако сите објавени информации се невистинити, тогаш зошто Рустеми не реагираше кога беше објавен текстот, туку реагираше дури откако ВЛЕН побара постапување од Обвинителството на Ислам Абази?
Затоа повторно прашуваме.
Кој имал интерес европската компанија да биде тргната настрана, а просторот да ѝ се остави на компанијата од Србија? На овие прашања ДУИ молчи веќе четири дена, иако устата им е полна со Европа.
Кога треба да држат говори, се најевропската партија. Кога на површина излегуваат милионски бизниси и српски компании, се повлекуваат и молчат.
Но ние нема да дозволиме оваа тема да се затвори со молк. Бараме од Обвинителството за организиран криминал да ги провери сите наводи што се објавени во јавноста.
Граѓаните имаат право да знаат дали јавниот интерес бил жртвуван за бизнис и партиски интереси. Граѓаните ја заслужуваат вистината.


