Skip to main content
Хроника

Одземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој „летал“ со 188 километри на час

19/06/2026  08:19

Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“.

– При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час, соопшти МВР.

Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.