Skip to main content
Македонија

Тошковски се сретна со новиот претседател на РСБСП Ангеловски: Безбедноста во сообраќајот е главен приоритет

02/12/2024  15:00

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.12.2024) оствари работна средба со раководството на Републичкиот совет за безбедност на патиштата и новоназначениот претседател Горан Ангеловски. На средбата се разговараше за одличната и континуирана соработка на двете институции заснована на главната цел – подобрување на безбедноста во сообраќајот.
Потврдено беше дека МВР и РСБСП се институции кои се позитивен пример за партнерски однос кој дава реални резултати како зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.