Skip to main content
Хроника

МВР уапси седум возачи за 24 часа

04/06/2026  15:49

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал забрана за управување возило.  

Три лица во Битола возеле без возачка дозвола и по едно лице во Скопје, Неготино и Кичево. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што имал забрана за управување возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.