Skip to main content
Македонија

Се потпишаа 57 договори во вкупна вредност од над 34 милиони денари по објавениот Јавен повик за кофинансирање на комбајни за ориз и мобилни сушари

02/12/2024  11:46

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се потпишаа 57 договори по објавениот Јавен повик кој што се однесуваше на мерката 121, за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесуваа 600.000 денари.

Вкупната вредност на договорите е над 34 милиони денари.

Со Јавниот повик Министерството преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој им излегува во пресрет на оризопроизводителите се со цел да се модернизира механизацијата во Македонија.

Право на користење на овие средства имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.