Општинскиот советник во општина Куманово, Фитор Јакупи, објави на својот Фејсбук профил дека неговата приватна канцеларија била опожарена во текот на ноќта. Според неговите зборови, инцидентот се случил околу 3:05 часот по полноќ.
„Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3:05 часот од црна рака (на непознати лица) мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Јакупи во својата објава.
Причините за пожарот засега остануваат непознати, а истрагата е во тек. Јакупи повика на брза реакција од надлежните органи и изрази надеж дека сторителите ќе бидат идентификувани и изведени пред правдата.