Skip to main content
Спорт

Десетици загинати во судирите меѓу ривалските навивачи на фудбалски натпревар во Гвинеја

02/12/2024  08:45

Судирите на фудбалски натпревар во Гвинеја резултираа со десетици мртви, јавуваат болнички извори од африканската држава. Сцените на масакрот вклучуваат преполни мртовечници и ходници. Неофицијални видеа покажуваат хаос, а гневните толпи подоцна палат полициска станица. Властите допрва треба да ја потврдат бројката загинати. 

Инцидентот почна меѓу навивачи на фудбалски натпревар во Н’Зерекоре, вториот по големина град во Гвинеја.

-Се започна со спорна одлука на судијата. Потоа навивачите го нападнаа теренот, изјави сведок за „Франс прес“, барајќи неговото име да не се објавува од безбедносни причини.

Локалните медиуми соопштија дека натпреварот бил дел од турнирот организиран во чест на водачот на хунтата во Гвинеја, Мамади Думбуја, кој ја презеде власта со државен удар во 2021 година и се постави себеси како претседател. 

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледаат безживотни тела на асфалтот.

Се стравува дека бројката на настрадани може да достигне 100.

Видеата и сликите на социјалните мрежи покажуваат хаотични сцени надвор од стадионот, со големи групи луѓе кои се обидуваат да се искачат преку ѕидови и бројни тела на земја. Би-би-си не можеше самостојно да ги потврди овие видеа.