Skip to main content
Македонија

Циклон од југоисток ни носи невреме во Македонија за време на овој викенд

23/05/2026  10:22

Метео анализа на Славчо Попоски:

Циклон југоисточно од нас за време на овој викенд во Македонија ќе ни донесе многу променливо и нестабилно време со чести врнежи, грмежи, засилен ветер  и локална појава на невреме.

Сепак и покрај многу променливото и нестабилно време кое ќе го имаме во Македонија за време на овој викенд, температурите остануваат релативно високи и ќе биде топло времето.