Skip to main content
Свет

Литванија го повика НАТО да ја нападне руската енклава Калининград

19/05/2026  09:42

Литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис го повика НАТО да биде подготвен за напад врз руската енклава Калининград.

„Треба да им покажеме на Русите дека можеме да ја пробиеме малата тврдина што ја изградија во Калининград. НАТО ги има потребните средства за уништување на руските бази во енклавата“, рече Будрис во интервју за швајцарските медиуми, објави Спутник.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано предупредува дека евентуалната блокада на Калининградската област би довела до „невидена ескалација“ и дека сите закани за регионот би биле уништени.

Советот на Руската Федерација претходно изјави дека Москва нема да дозволи никому да им се заканува на Калининград или на Балтичкото Море и дека на секоја провокација ќе се одговори веднаш.

Калининград е најголемиот град и административен центар на Калининградската област, руска енклава помеѓу Полска и Литванија, која има излез на Балтичкото Море.