Skip to main content
Скопје

Новогодишна бајка: Џевахир Мол блесна во новогодишно руво (ФОТО)

01/12/2024  17:42

Денес е првиот ден од декември, последниот месец од оваа 2024 година, па повеќето луѓе веќе почнаа со украсување и влегоа во предновогодишна еуфорија.

Иако Скопје се уште не е ни почнато со украсување, во Џевахир Мол веќе можете да почувствувате вистинска новогодишна магија.

Целиот простор е осветлен и украсен, па покрај најмладите, на погледот можат да се израдуваат и сите вљубеници на Нова Година и Божиќ.

Безброј сијалички во боја, ангелчиња, украсени елки и “ѕвездено небо”… вистинска бајка од бои и украси. Посетете го и меѓу другото направете ги најубавите новогодишни фотографии со најблиските, за тоа се празниците!