Skip to main content
Спорт

Македонските фудбалери против Турција во Истанбул на 1 јуни

15/05/2026  19:40

Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ќе одигра пријателски натпревар против Турција во Истанбул. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџоглу / Чобани“ со почеток во 19:30 часот по македонско време.

Репрезентацијата на Турција е учесник на Светското првенство 2026 и ќе биде сериозен тест за избраниците на селекторот Гоце Седлоски. 

Претходно, најдобрата македонската репрезентација на 29. мај ќе одигра контролен натпревар против Босна и Херцеговина во Сараево.