Skip to main content
Македонија

Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа

14/05/2026  17:55

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со директорката на Оперативно- техничката агенција ОТА Марија Јаническа на која дискутираа за соработката меѓу двете институции, клучна како гарант на ефикасноста на системот за следење на комуникациите за потребите на кривичната постапка со почитување на основните човекови слободи и права.

Двајцата оценија дека соработката до сега се одвива непречено, но исто така постојат можности и за нејзино унапредување во повеќе области, како што е поголема искористеност на дигитализираниот систем за следење на комуникациите.