Skip to main content
Свет

Пукање во Ница, има убиени и ранети

11/05/2026  18:16

Најмалку две лица се убиени, а три се ранети денеска во пукање во францускиот град Ница, објави Фигаро.

Пукањето се случило во западната населба Мулен, два дена по престрелката во истиот дел од градот во која немаше повредени.

Според извештаите, две лица отвориле оган на централниот плоштад на населбата од моторно возило во движење, по што возилото избегало од местото на настанот.

Градоначалникот на Ница, Ерик Сиоти, го осуди нападот.