Skip to main content
Балкан

Вучиќ до Брисел: Отворете го Шенген за Западен Балкан

11/05/2026  19:19

Српските власти од Брисел испратија силна порака до Европската унија, барајќи побрза интеграција на Западен Балкан и отворање на Шенген зоната за земјите од регионот.

Александар Вучиќ порача дека тврдите граници го кочат економскиот развој, туризмот и движењето на луѓето, оценувајќи дека Балканот мора побрзо да биде вклучен во европските процеси.

Според српските претставници, отворањето на Шенген за регионот би донело огромен економски бенефит и полесно функционирање на компаниите и граѓаните, без да се загрози безбедноста на Европската унија.

Од Белград повторно беше потенцирано и барањето за побрзо проширување на ЕУ кон Западен Балкан, во време на големи геополитички промени во Европа и светот.