
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Денес Филипче пак излезе на прес-конференција да објаснува како уставните измени се во интерес на Македонија , и пак се обиде да го релативизира македонскиот идентитет и националните интереси.
Филипче јасно кажа дека за него националниот идентитет е застарен концепт, па сега секојдневно го повторува ставот и се врти околу својата замислена оска и си фантазира за премиерска фотелја.
Откако распродадоа, историја, позиции, достоинство, сега следно на агендата им е да ги убедуваат граѓаните дека уставните измени се во интерес на Македонија.
Филипче се однесува како проблемот да е во народот, а не во неговите ставови склони кон национални предавства и дали навистина верува дека некој ќе му даде поддршка на човек што ги гази националните интереси?


