Skip to main content
Свет

Најмалку 16 цивили загинаа во руско бомбардирање на Алепо

30/11/2024  19:25

Шеснаесет цивили загинаа денеска во бомбардирањето на Алепо, главниот град на Сирија.

Невладиниот сириски Центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Велика Британија, јавува дека бомбардирањето најверојатно го извршила руската армија, бидејќи Москва е сојузник на сирискиот режим.

„Најмалку 16 цивили загинаа, а 20 се ранети кога најверојатно руските авиони гаѓаа цивилни возила во делови на Алепо кои беа освоени од бунтовниците“, се наведува во соопштението на центарот.