Skip to main content
Македонија

Трагедија во Хрватска: Загина возач на камион од Македонија

06/05/2026  10:02

Во тешка сообраќајна несреќа на хрватскиот автопат А3, во близина на Среданац, во подрачјето на општина Доњи Андријевци вчера страдало едно лице.

Според информациите на хрватските медиуми, станува збор за државјанин на Република Северна Македонија.

Несреќата се случила во 14:15 часот, кога камион излетал од патот, ја пробил централната метална заштитна ограда, удрил во два столба за улична светилка и преминал на спротивната лента. По судирот избувнал пожар, а камионот целосно изгорел заедно со возачот кој останал заробен во него. На местото на настанот биле пронајдени регистарски таблички од Македонија.

Пожарникарите имале сериозни тешкотии да се пробијат до запалениот камион поради густиот сообраќај и отсуството на коридор за итни случаи. На снимка објавена на Фејсбук страницата „Пожарникари – 193″ се гледа дека пожарникарите биле принудени да излезат од возилата и рачно да ги насочуваат возачите. „Десет минути не можевме да се пробиеме”, изјавил еден од пожарникарите за Нова ТВ.