Skip to main content
Македонија

ДУИ: Изет Меџити е промоторот на бруталниот непотизам во политиката на Албанците

06/05/2026  09:50

Човекот кој стана милионер додека Чаир осиромашуваше, денес се обидува да се претстави како промена, но граѓаните ја знаат вистината: неговата политичка структура функционира по истата логика како мафијашките кланови семејна лојалност, крвна поврзаност,лични интереси и контрола преку неговите најблиски луѓе, реагираат од опозициската ДУИ.

Оттаму додаваат дека повеќе од 20 години, тој и неговата група го узурпираа претставувањето на Албанците во Скопје и ѝ ја уништија иднината на цела генерација млади луѓе. Во меѓувреме, растеше само неговото лично богатство и влијание.

„Албанците немаат потреба од рециклирање на истиот менталитет кој инсталираше вазалството и криминалот како модел на политичко дејствување“ стои во реакцијата на ДУИ.