Skip to main content
Македонија

Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци

05/05/2026  10:54

Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата.

По завршувањето на тригодишната програма, врз основа на потребите и индивидуалните способности, учесниците можат да бидат назначени на позиција во едно од телата на НАТО каде што претходно работеле за дополнителен период од три години.

Програмата е отворена за аплицирање на млади лица на возраст од 21-32 години со завршени магистерски студии, минимум 1 година работно искуство и активно познавање на еден од двата официјални јазика  во рамки на НАТО (англиски или француски)

Рокот за аплицирање е заклучно со 31 мај 2026 година.

Повеќе информации може да добиете на следнава адреса: https://bit.ly/3QNQtz6