Skip to main content
Македонија

Забраната за двојно државјанство за пратениците утре на собраниска комисија

26/04/2026  21:30

Утре во Собранието ќе заседава Законодавно-правна комисија, каде треба да продолжи дебатата за законските измени со кои треба да се забранат двојни државјанства за пратениците.

Неофицијално, поднесени се над 170 амандмани, а СДСМ тврди дека по најавите дека треба да се вклучи и експертската јавност, власта почнала да ретерира за носење на законот.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на познатиот став. Како што велат, лидерот на СДСМ е бугарски приврзок чии храброст, морал и пари се во фиоките на бугарското разузнавање.

Во партиската дебата се вклучи и претседателката. Според Сиљановска-Давкова постои правна можност за ограничување на двојното државјанство, но покрај за пратениците, тоа треба да важи и за министрите и за претседателот на државата.