Skip to main content
Балкан

Ужас на влез во Турција: Автобус без контрола усмртил две а повредил 16 лица

22/04/2026  10:05

Инцидент со автобус се случил во непосредна близина на граничниот пункт кај Малко Трново меѓу Бугарија и Турција, при што загинале две лица, а 16 се повредени.

Според првичните информации, станува збор за украински автобус со патници кои биле украински државјани.

Според првичните информации, возилото застанало на патот откако останало без гориво. Патниците биле изведени надвор, но автобусот потоа ненадејно тргнал наназад и прегазил дел од луѓето кои се наоѓале зад него.

По список, во автобусот имало 37 патници и двајца возачи, односно вкупно 39 лица. По инцидентот автобусот завршил во ров, а од местото се извлечени сите патници и возачите.

Шестмина од повредените биле транспортирани во здравствени установи во Бургас, додека десет лица се однесени во центарот на итната медицинска помош во Малко Трново. Останатите од групата привремено се сместени во дневен центар во пограничниот град.