Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев се огласи на социјалните мрежи.
„Диктатура на патриотите. Најавите на премиерот дека извршната власт од понеделник ќе ја апси судската (обвинителската) власт се трагикомични. Нам ни нема спас“ вели Калајџиев.
Ваквиот став на професор доаѓа по денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој најави дека од понеделник почнува акција против корумпирани судии и обвинители.
Мицкоски посочи дека нема да функционираат како „естрада“ и да се понижуваат поединци, нема да се ангажираат специјални полициски единици при имплементација на планот кој ќе почне да се спроведува од понеделник.