
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека отстранувањето на збогатениот ураниум од Иран, по американската операција „Полноќен чекан“, ќе биде долг и тежок процес.
Операцијата „Полноќен чекан“ беше целосно и тотално уништување на местата со нуклеарна прашина во Иран. Затоа, ископувањето ќе биде долг и тежок процес“, напиша претседателот на социјалната мрежа Truth.
Операцијата „Полноќен чекан“ е кодното име за операцијата спроведена од САД минатиот јуни, во која американските воени авиони ги таргетираа нуклеарните постројки во Иран во Фордо, Натанц и Исфахан.
Трамп ги обвини „лажните вести и корумпираните медиумски мрежи и платформи“ дека не им оддале признание на одличните американски пилоти што ги заслужуваат и ги нарече „губитници“.

