Ако постите без масло, можете да го сварите гравот само на вода, без да го динстате на масло, но ние ви предлагаме рецепт за традиционален посен грав на масло…
Состојки: 500 г грав, 2 главици кромид, 1 морков, 1 пашканат, половина целер, 1 свежа зелена пиперка, сол, бибер, малку масло, 3 лаворови листа, свеж магдонос и 3 чешниња лук.
Приготвување: Потопете го гравот ден претходно во тенџере со вода. Утредента, процедете го гравот и добро измијте го. Потоа, во лонецот ставете малку масло (2 лажици), па продинстајте кромид, рендан морков, целер и пашканат. Кога сето тоа ќе се продинста, додајте го измиениот грав, сол и бибер и сипете вода, за да се свари.
Ставете 3 лаврови листа и 1 свежа зелена пиперка. Пред крајот на готвењето, додајте ситно сечкан лук и извадете ја пиперката од тенџерето. Ставете што повеќе свеж магдонос, а лавровиот лист можете да го извадите од лонецот.