Skip to main content
Хроника

Мртов маж пронајден во неговиот дом во Велес

29/11/2024  15:24

Утрово околу 5 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дом на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил пронајден починат 43-годишниот А.А.од Велес, информира попладнево од СВР Велес, портпаролката Биљана Ѓаковска.

Таа појаснува дека лекар констатирал смрт, известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Од СВР Велес најавија дека по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција во Институт за Судска медицина Скопје и се превземаат мерки за расчистување на случајот.