
Соопштение за јавност на Левица:
Левица го осудува обидот за укинување на Колективниот договор за култура, кој власта го турка преку Уставниот суд, и ќе го поддржи најавениот протест на културните работници закажан за 16 априли пред Министерството за култура. Вработените во културата преку овој протест ќе го изразат својот револт заради непочитувањето на колективните договори од страна на министерството.
.
Со покренување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура во целост, а по нарачка на кадифената ракавица на власта, Уставен суд презеде улога на анти-работнички инструмент на власта и има намера да го укине Колективниот договор. Овој договор кој опфаќа вкупно 2345 вработени на ниво на цела држава, кои по 15 години борба се изборија за Колективен договор кој ги уредува нивните права, претставува една од посветлите точки на работничките права во државата.
Погубната политика на власта преку целосно впрегнатиот државен апарат, почнувајќи од партиски адвокати, судството, вклучувајќи го и Уставниот суд, којшто два пати до сега не утврдил ниту незаконитост ниту неуставност на Колективниит договор за култура, сега носи нарачана политичка одлука сосема спротивна од претходните две и ја турка културата како прва жртва на системот.
Власта не ги штеди сите тактики, почнувајќи од наградување за послушност и молк, преку дискредитација, репресија и заплашување на вработените во култура, што само ја покажува тактиката на социопатско владеење во држава без функционален правен систем.
Левица го ваквиот чин на поништување и обид за замолчување на културата која претставува фундаментален дел на државата. Бараме целосно почитување на колективните договори и запирање на нарачаната постапка пред Уставниот суд. Намерата за укинување на Колективен договор од страна на Уставниот суд е обид за одземање на веќе стекнатите права на работниците во културата.
Десничарската власт нема право да ги одзема стекнатите права на работниците преку колективните договори. Ваков преседан би отворил пандорина кутија, којашто би и овозможила на власта да ги ʼминираʼ колективните договори на работниците од која било сфера.


