
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево.
Во рамки на својата прва посета на земјава, министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, министерот Тимчо Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.
Централни теми на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните политички и економски односи со Белгија, како и перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, вклучително и натамошната белгиска поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

