Skip to main content
Uncategorized

Исмајлоска-Старова: Отворен Балкан е позитивен пример за регионална соработка, поддржана од граѓаните

29/11/2024  12:10

Нола Исмајлоска Старова, која беше вклучена во иницијативата Отворен Балкан, сега е претставник на Српската стопанска комора во Македонија во поткастот „Каде се парите?“ рече дека иницијативата Отворен Балкан е позитивен пример за регионална соработка со конкретна реализација на неколку проекти.

Таа истакна дека освен во полето на економијата, се оствари соработка и на културен план, се промовираше туризмот, како и дека винскиот саем привлекува внимание и присуство.

„Се воедначи употребата на М-ТАГ па сега со М-ТАГ се вози слободно во Србија и Македонија“ рече Исмајлоска-Старова.

Таа додаде дека има и доста соработки помеѓу бизнисите од трите држави, а со слободниот пристап до пазарот на труд, компаниите и граѓаните веќе ги користат придобивките.

„Проектот е доста популарен и меѓу граѓаните што покажува дека има задоволство од мерките кои што сме успеале да ги завршиме во претходните 2-3 години“ заклучи Исмајлоска-Старова.