Skip to main content
Магазин

Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари

29/11/2024  10:26

Крипто-претприемачот Џастин Сан денеска го исполни ветувањето што го даде откако потроши 6,2 милиони долари на уметничко дело – банана залепена со лента за ѕид – јадејќи го овошјето.

Во еден од најскапите хотели во Хонг Конг, Сан  пред десетици новинари и инфлуенсери откако одржа говор во кој го поздрави делото како „иконско“ и повлече паралели помеѓу концептуалната уметност и криптовалутата – ја изеде бананата.

„Ова беше многу подобра од други банани…Навистина е добар вкус“, рече Сан.