
Тековниот напредок во спроведувањето на реформите, како и клучните предизвици со кои се соочуваат институциите, беа во фокусот на денешниот состанок посветен на реформската агенда, на кој учествуваа претставници од релевантни институции и засегнати страни, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
-Учесниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати, со цел унапредување на системот и приближување кон европските стандарди, напша Мицкоски.

