Skip to main content
Свет

Индија го започнува пописот на населението со ангажман на три милиони службеници

30/03/2026  21:45

Повеќе од три милиони државни службеници во Индија ќе го спроведат пописот на населението во најнаселената земја во светот, задача која беше одложена поради пандемијата на Ковид-19.

Пописот, кој вообичаено се спроведува на секои десет години, требаше да се одржи во 2021 година. Процесот ќе започне на 1 април годинава, а граѓаните ќе имаат можност и претходно да се регистрираат онлајн. Потоа, попишувањето ќе се одвива во две фази преку теренски посети.

Комесарот за попис, Мритунџај Кумар Нарајан, изјави дека во првата фаза ќе се попишуваат станбените услови, а во втората социјалните и економските индикатори. Тој додаде дека ќе се собираат податоци и за кастите, првпат по 2011 година кога податоците беа само делумно објавени.

Пописот треба да заврши во март следната година.