Skip to main content
Спорт

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

30/03/2026  21:32

Фудбалската репрезентација на Косово доби денеска награда во износ од 500.000 евра од Владата на Косово за пласманот во финалето од плејофот за Светското првенство 2026.

Репрезентацијата на Косово се пласираше во финалниот бараж, откако во четвртокот во полуфиналето ја победи Словачка со 4:3 во Братислава.

Косовските фудбалери утре во Приштина ќе играат против Турција, а победникот ќе избори пласман на Мундијалот што ова лето ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Косовскиот премиер Албин Курти им вети на репрезентативците дополнителна премија од еден милион евра доколку ја победат Турција и обезбедат истриски пласман на Мундијалот.

Натпреварот ќе се игра утревечер со почеток во 20:45 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“, чиј капацитет од 14.000 седишта беше експресно распродаден.