Skip to main content
Македонија

Обилни врнежи во Македонија, дождот преминува во снег и во градовите

27/03/2026  09:37

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во овие моменти од север кон Македонија се спушта значително поладен воздух па така обилните врнежи од дожд освен на повисоките места  и на планините преминуваат во врнежи од снег  и во градовите особено во западните предели од Македонија. Снежна покривка ќе се формира на повисоките места  и на планините над 1000 метри надморска височина со висина од над 10/15 сантиметри а на повисоките планини таа ќе биде  и поголема.

Мала снежна покривка може да се формира  и во пониските места (градовите) во западните предели од Македонија.

Сето ова е поради силниот  и ладен циклонски систем со центар над Џеновскиот залив  и токму овој силен ладен циклон ни ја врати зимата на самиот крај на месец март. Сето ова особено лошо ќе се одрази врз овошките кои се во фаза на цветање.