Skip to main content
Скопје

Саем за мебел од денеска во СЦ „Борис Трајковски“

25/03/2026  09:06

Под слоганот „Инспирација за секој дом“ од денеска до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржува „Саем на мебел 2026“

Изложувачите ќе претстават производи и најнови трендови во дизајнот и уредувањето на просторот, иновативни решенија за модерно живеење, а  ќе има и нов сегмент, кој оваа година е во фокусот на саемот, посветен на монтажни и модуларни куќи.

 -Со очекувани над 15 000 посетители и повеќе од 70 застапени брендови, саемот на мебел претставува одлична можност за компаниите од оваа индустрија да ги претстават своите модели, технологии и концепти пред широка и таргетирана публика, како и да воспостават нови деловни соработки, наведуваат организаторите.

 Посочуваат дека посетителите ќе може да изберат и купат мебел од најновите колекции, современи решенија за ентериер, декоративни елементи и иновативни материјали за домување, канцеларии и јавни простори.

-Сето тоа ќе биде достапно по специјални саемски попусти, а на својот штанд Комерцијална банка ќе им понуди на посетителите атрактивна кредитна понуда и финансиски олеснувања, вклучително и можности за потрошувачко кредитирање, овозможувајќи полесно реализирање на нивните планови за уредување на домот или избор на идеален мебел.

Посетителите ќе имаат можност и директно да се информираат за условите, да добијат совет и да се запознаат со финансиските решенија што банката ги нуди за опремување и уредување на домот, се наведува во соопштението.

 „Саемот на мебел 2026“ за посетители ќе биде отворен секој ден од 10 до 20 часот, а на последниот ден (недела, 29 март) ќе работи од 10 до 17 часот.