Од почетокот на учебната година реконструкции во 13 училишта во Куманово

Вкупно тринаесет училишта во Куманово се реконструираат од почетокот на учебната година, од нив три средни, десет основни, соопштија денеска од Секторот за образование од општина Куманово.

Дел од реконструкцијата е завршена, дел ќе се спроведува и во второто полугодие.
Во средните „Перо Наков”, „Наце Буѓони” и гимназијата „Гоце Делчев” поставени се фотоволтаици и во овие три средни училишта заврши обемна реконструкција на фасади, внатрешна реконструкција, партерно уредување на дворовите, кровни конструкции …

Замена на прозорци  и санитарии е завршена во „Вук Караџиќ”, изградено е мултифункционално игралиште во „Наим Фрашери”, прозорци кров, санитарии завршени се во „Христијан Карпош”. Со средства од МОН целосно се реконструира и „11 Октомври”. Заменета е фасадата на истурениот објект на „Браќа Миладиновци” кај Соколана.

Инвестиции има и во подрачни училишта во село Речица завршен е кровот, целосни реконструкции се завршени во објектите во Умин Дол и Љубодраг, во село Биљановце завршен кровот и фасадата, подови и тоалети се завршени во Романовце и Лопате

– И од страна на МОН и од страна на Општина Куманово се инвестира во училиштата. Од страна на МОН до сите општински основни училишта доставен е мебел и опрема за кабинетите по природни науки, како и 660 смарт уреди (таблети) за ученици кои потекнуваат од социјално ранливите категории. Дополнително од страна на Општина Куманово е инвестирано во набавка на училиштен мебел и ИТ опрема. Во продолжение во табелата детално се прикажани средни општински училишта, во кои се набавени училиштен мебел и ИТ опрема, изјави раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ. Набавени се персонални компјутери, лаптопи, монитори, опремени се кабинети, обезбедени се столови и клупи, инвестирано е во друга опрема. Во дел од училиштата адаптирани се тоалети и изградени се пристапни рампи и лифтови за учесниците со попреченост.

– Од страна на МОН е распишан тендер за пријавување на изведувачи за кровот на двете основни училишта, кои изведуваат настава во иста училишна зграда. Кога ќе заврши повикот и на истиот биде избран изведувач ќе започне реконструкцијата. Дополнително од страна на Општина Куманово е изготвен основен проекти за повеќе училишта и со истите имаме аплицирано на последниот повик за изградба и реконструкција на основните и средните училишта од страна на МОН, изјави Јовановиќ.

Одобрени се повеќе проекти од МОН меѓу нив за фасади, санации на кров, ѕидови, се чека и распишување на тендер за изградба на ново училиште за учениците од „Сами Фрашери”.

– Во текот на изминатата година реконструирани се отворените спортски игралишта со тартан подлога, трибини и спортска опрема во повеќе училишта. Сите училишта во кои се реновирани игралиштата, изјави Јовановиќ.

Како што претходно објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за инвестиции во образованието предвиден е буџет од 26.690.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави