Skip to main content
Магазин

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

23/03/2026  11:23

Синот на министерот за спорт, Борко Ристовски, пронашол 500 евра во маркет на Водно, по што парите веднаш биле предадени кај вработените, со цел да му бидат вратени на сопственикот.

Неговата мајка, Нина Ристовска, информацијата ја сподели на социјалните мрежи, апелирајќи до јавноста да помогне во пронаоѓање на лицето кое ги изгубило парите.

„Душан најде 500 евра. Ќе ми биде драго сопственикот да се врати по своите пари кои им ги дадовме на касиерките. Не знам дали ќе го препознаат само од камери и ќе го побараат, само да се рашири информацијата“, напиша Ристовска.

Гестот на младиот Душан предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи, каде многумина го пофалија неговото воспитување и чесност.