
Во двата денешни натпревари од 24 коло во ПМФЛ, фудбалерите на Вардар неочекувано претрпеа пораз на гостински терен од Арсими со 1-0, а со идентичен резултат тетовска Шкендија извојува гостинска победа над Македонија ЃП и се израмни според бројот на бодови со скопскиот прволигаш на чело на табелата.
Арсими на дуелот во Гостивар извојува победа со голот на Гони во 43 минута, додека Шкендија со погодокот на Красниќи во 53 минута ги освои трите бодови на гостувањето во Ѓорче Петров.
Вардар и Шкендија сега се бодовно израмнети (58) на девет кола до крајот на првенството.
Утре на програмата се двата завршни дуели од 24 коло меѓу Шкупи – Башкими и Пелистер – Струга.
