Skip to main content
Хроника

МВР со нови информации: Пронајденото тело во Зрновци во фаза на распаѓање

21/03/2026  17:50

Тело на почината жена било пронајдено денеска во кочанското село Зрновци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, телото било забележано околу 10:40 часот на локалитетот викан „Ѓошевски орев“, во близина на Зрновска река. Како што се наведува, телото било во фаза на распаѓање.

По пријавата, веднаш на местото на настанот излегле полициски екипи и други надлежни служби, кои започнале активности за расчистување на случајот.

Од Основното јавно обвинителство Кочани информираат дека идентитетот на починатата жена засега не е утврден. Јавен обвинител врши увид на терен, а ќе биде издадена наредба за обдукција со цел да се утврдат причините за смртта, кои во овој момент се непознати.

Истрагата продолжува, а надлежните апелираат до јавноста да се воздржи од ширење непроверени информации додека траат официјалните постапки.