Skip to main content
Економија

Владата најавува вонредни мерки за цените на горивата

21/03/2026  14:36

Цените на нафтата и гасот постојано растат откако не прекинува војната на Блискиот Исток.

Во Македонија тоа рефлектираше со зголемени цени на нафтените деривати.

Моменталната цена на дизелот е 92 денари и се очекува повторно да поскапи веќеод вторник.

Сепак, денеска Владата брифира дека во понеделник ќе излезе со пакет на антикризни мерки со цел да се спречи ценовен шок.

Инаку, изминатава недела со антикризни мерки за спречување на растот на цените на горивата излегоа неколку земји од опкружувањето како Србија, Хрватска, Црна Гора и други.