Skip to main content
Македонија

Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

21/03/2026  12:43

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во емисијата „Стадион” на Канал 77 говореше за посетата на Вашингтон и средбите во Светска банка и Стејт Департментот на САД. Вицепремиерот Николоски истакна дека учествувал на годишната конференција на Светската банка, каде имаше обраќање заедно со еврокомесарот за транспорт, како и на министерски состанок со претставници од најголемите држави во светот, каде во фокусот на средбите беше мобилноста и транспортот.

-Taму бев поканет на годишната конференција на Светска банка каде што имав обраќање заедно со комесарот за транспорт на ЕУ. Имаше претставници од цел свет. Бев дел од министерски состанок со најголемите држави во светот, во делот на мобилност и транспорт, и уште бројни состаноци во рамки на Светска Банка, истакна Николоски.

Покрај економските теми, посетата на Вашингтон ја искористив и за низа политички средби во Стејт Департментот и Советот за безбедност, објасни вицепремиерот. 

-Имав состаноци и во Стејт Департментот, каде се видов со помошникот државен секретар за Европа на САД, како и други бројни средби во рамки на Советот за безбедност. Така што тоа беше една сериозна комбинација на економски и политички средби, додаде Николоски: