Skip to main content
Хроника

Драматична акција за спасување во Струмица

21/03/2026  09:59

Рано утрово пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенирале на извлекување на паднато женско лице во провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол.

Како што се наведува во Фејсбук-објавата на струмичките пожарникари, станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенирале шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила.

„Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице. По успешно спроведената акција, лицето беше извлечено и предадено на екипа на Итна медицинска помош“, посочија од Пожарникари – Струмица, додавајќи дека на лице место присутни биле и екипи на МВР Струмица.