Skip to main content
Македонија

Делегација на ТХП во посета на Истанбул

19/03/2026  09:47

Соопштение за јавност на ТХП:

Делегација предводена од претседателот на Партијата за движење на Турците – ТХП, Енес Ибрахим, престојуваше во Истанбул по повод одбележувањето на една година од апсењето на градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу.

Во рамки на посетата, делегацијата оствари средби со вршителот на должност градоначалник на Истанбул, Нури Аслан, како и со градоначалникот на Анкара, Мансур Јаваш.

На средбите беа разгледани можностите за унапредување и продлабочување на соработката меѓу општините од двете земји, со посебен акцент на размена на искуства и развој на заеднички проекти во повеќе области од заемен интерес.

Партијата за движење на Турците ќе продолжи активно да придонесува кон зајакнување на  демократскиот капацитет, билатералната соработка и развој на партнерствата меѓу локалните самоуправи меѓу двете земји.