Skip to main content
Македонија

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

16/03/2026  21:18

Соопштение за јавност на СДСМ:

Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ.

Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап”. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре.

 Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ”.